Џенифер Лопез и Бен Афлек деновиве се во Париз на меден месец. Двајцата се венчаа пред неколку дена во Лас Вегас, а во Париз дојдоа со децата и вечераа во ресторанот „Ле Матињон“, пренесоа медиумите.
Пејачката беше облечена во црвен фустан со длабоко деколте, додека Афлек носеше темен костум. Папараците ги снимија со новите венчални прстени.
„Успеавме. Љубовта е прекрасна. Љубовта е љубезна. И се покажа дека љубовта е трпелива. Синоќа латувавме во Вегас, стоевме во редот за дозвола со уште четири други парови, сите на ист пат до свадбената престолнина на светот“, рече Лопез.
„Едвај стигнавме до малата бела свадбена капела до полноќ. Тие љубезно останаа отворени неколку минути подолго и ни овозможија да се сликаме во розов кадилак кабриолет, некогаш користен од кралот Елвис. Но, ако сакавме Елвис да се појави, тоа ќе нè чинеше дополнително и ќе беше во кревет“, додаде таа.