Викенд хороскоп 23 и 24 јули: Јарецот е креативен, Водолијата е фокусирана на семејството

Овен

Месечината е во Бик во вашиот сектор на финансии и ве поттикнува да размислувате за финансиските одлуки кои ги донесовте во изминатиот период. Дали се најпаметни или сепак нешто можете да смените? Во сабота, Месечината во Близнаци го осветлува вашиот сектор на комуникации и заедница, а дополнително се зголемува и вашата самодоверба. Во меѓувреме, со тригонот на Меркур и Јупитер вашата креативност се засилува. Искористете го тоа.

Бик

Месечината е во вашиот знак каде ја поттикнува вашата самодоверба и ви носи неверојатен шарм и харизма. Ќе бидете лесно забележани од другите луѓе и ќе уживате во вниманието. Освен тоа, ова е викенд кога ќе посакате и повеќе да се дружите и да ги проширите своите видици. Во сабота, Месечината преминува во Близнаци и го насочува вашиот фокус кон финансиите. Очекувајте дополнителен прилив на пари.

Близнаци

Месечината ја осветлува мистичната страна од вашата натална карта. Вашата интуиција е на високо ниво и имате неверојатна ментална способност да се носите со различните ситуации кои ќе ви ги донесе овој викенд. Кога таа ќе премине во вашиот знак во сабота, ќе чувствувате убава енергија и потреба да бидете видени, да бидете во центарот на вниманието. Дружете се, искористете го времето да бидете меѓу луѓето.

Рак

Месечината во Бик е во вашата единаесетта куќа на пријателство каде ве поттикнува да се дружите и да се препуштите на забавата. Таа преминува во Близнаци во сабота каде ќе ве поттикне да креирате нови цели и да се посветите на исполнување на вашите желби. Во меѓувреме, имате силна потреба за духовност, па важно е да најдете време за себе и да ги наполните батериите.

Лав

Месечината е во Бик ќе бидете насочени кон вашиот професионален живот, па ќе посакате и да преземете некаква акција во однос на тоа. Сабота и недела ќе бидат забавни денови за вас бидејќи Месечината во Близнаци ја осветлува вашата куќа на пријателства и забава. Во сабота почнува и вашата сезона, па време е за сосема нова енергија во која вие сте главни.

Девица

Месечината во Бик ве насочува кон учењето и образованието и сите оние убави навики кои можат да ви го подобрат животот. Потоа, во сабота, таа преминува во Близнаци, а со помошта и на другите планети ќе успеете да постигнете големи нешта на професионално поле.

Вага

Месечината е во Бик и ги подобрува вашите ментални способности додека минува низ вашата осма куќа. Во сабота и недела, Месечината ќе престојува во Близнаци во вашата деветта куќа на авантура и истражувања. Ќе бидете љубопитни и насочени кон авантурите. Освен тоа, се продлабочува и љубовниот однос со друга личност, подгответе се за љубовен оган.

Шкорпија

Месечината фрла светло на вашиот сектор на партнерства, но со квадратот со Сатурн ќе бидете внимателни како се поставувате во љубовните односи. Подоцна, внимателноста се претвора во страст и целосно ќе се препуштите на уживањето. Месечината е во Близнаци во вашиот сектор на интимност во сабота и недела и ви носи убави мигови, страст и еротика.

Стрелец

Месечината е во квадрат со Сатурн, каде е важно внимателно да го анализирате своето здравје. Обрнете внимание на тоа што ви пречи и пробајте да се ослободите од лошите навики. Во сабота и недела, Месечината е во Близнаци и влијае на вашиот сектор на партнерства, а секстилот на Меркур и Месечината ви помага да ја продлабочите врската со оние кои ви значат.

Јарец

Месечината е во Бик во квадрат со вашата владејачка планета Сатурн, што ве прави креативни, но и ви носи внимателност кога станува збор за финансиите. Осигурете се дека се е во ред и потоа тргнете во нови походи. Кога Месечината ќе премине во Близнаци во сабота ќе добиете потреба да го анализирате својот живот, вклучувајќи ја и работата.

Водолија

Вашиот фокус е на домот и семејството под влијание на Месечината во Бик. Дополнително, другите транзити ќе ве поттикнат да се позанимавате со домашните работи и да обрнете внимание на семејството. Со преминот на Месечината во Близнаци во сабота, ќе бидете креативни и инспирирани. Секстилот на Месечината со Меркур и тригонот на Јупитер со Меркур ви помага и да ги подобрите комуникациските вештини и да се приближите до саканата личност или некој кој ви се допаѓа.

Риби

Месечината е во Бик и во секстил со вашата владејачка планета Нептун. Тоа ви помага да го подобрите својот шарм и комуникациски вештини. Месечината во Близнаци во сабота и недела ве насочува да обрнете внимание на домот. Доаѓаат и добри можности за зголемување на приходите во недела и можности да ја подобрите својата финансиска состојба.

Scroll to Top