Сашко Кедев го искачи најсмртоносниот врв на светот – К2

Познатиот кардиолог Сашко Кедев na 22 јули беше дел од експедицијата што го искачи најсмртоносниот врв на светот – К2, кој се наоѓа во Пакистан.

Групата од 24 алпинисти ја предводеле врвните шерпи и лидерот Мингма Џи, кому ова му било четврто искачување на К2. Сите алпинисти успеале да се искачат на 8.611 метри, колку што е висок К2. Тој е втор највисок врв на светот по Монт Еверест (8.848).

К2 претходно го искачи и Здравко Дејановиќ од Скопје.

Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец што има искачено четири врва повисоки од 8.000 метри. Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок врв на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009 година се качи на врвот на Монт Еверест.

Scroll to Top