(Видео) Дарија ја победи леукемијата и по девет месеци заѕвони на победничкото ѕвонче на Детската клиника

Тригодишната Дарија Чупевиќ по девет месеци ја победи леукемијата и си замина од Детската клиника во Скопје. Таа заѕвони на победничкото ѕвонче, а видеото го објавија нејзините родители на Инстаграм профилот „Убавите очи на Дарија“, каде што изминатите месеци споделуваа фотографии и видеа и ја следеа нејзината борба со болеста.

До победничкото ѕвонче на клиниката, Дарија ја одведе нејзиниот брат Дарис.

„Веруваше дека може и успеа“, пишува на видеото.

На Дарија пред девет месеци ѝ била дијагностицирана леукемија. Таа на 3 јули ја прими последната доза хемотерапија и сега е веќе дома со семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @prettyeyesof_daria

Scroll to Top