Шеф Марк си отиде од „Брза кујна“ за да готви специјалитети на Маврово

Една недела откако кажа дека си заминува од емисијата „Брза кујна“, шеф Марк се пофали дека ќе готви специјалитети на Маврово. Тој објави неколку фотки на Фејсбук и најави дека следниот викенд е на терасата Бистра, каде што сите што ќе дојдат ќе можат да ја пробаат неговата храна.

„Убавините и вкусовите од Маврово, специјално изготвено мени од шеф Марк“, стои во најавата.

Ова е дел од четиридневен настан на Маврово, каде што освен специјалитетите од познатиот готвач, гостите ќе можат да се забавуваат со настапите на „Сешн селекшн“, „Деј оф“, диџеј Димиш и диџеј Џи.

За потсетување, Марк де Јонг, познат како шеф Марк, по седум сезони си отиде од емисијата „Брза кујна“, преку која стана популарен во Македонија. Тогаш кажа дека е спремен за нови предизвици, а на своите колеги од шоуто им посака успех во следните сезони.

Scroll to Top