Хрватскиот кантавтор Златан Стипишиќ-Џибони во последно време се соочува со злоупотреби на неговиот лик и дело на социјалните мрежи.
Син му неодамна ги известил следбениците на профилот на Џибони на „Инстаграм“ дека тоа е единствениот официјален профил и да ги игнорираат сите други, дури и додека тимот на оваа социјална мрежа не им ја додели таканаречената сина ознака, која означува официјални и проверени профили.
Но, и покарај објавата на синот, злоупотребата продолжила, па Џибони сними видео во кое им се обраќа на неговите фанови кои ги има околу 155.000.
„Игнорирајте ги лажните профили и Џибони. Значи, јас сум само ова кога зборувам. Другото е веројатно некаква лага и измама. Така, на сите овие мрежи, тој ‘Фејсбук’, ‘Инстаграм’, и што знам уште како ги викаат. Јас сум тој само кога ќе ме видите дека зборувам“, изјави популарниот пејач.