Пирс Бросман деновиве го снима новиот филм The Last Rifleman. Глумецот глуми 89 годишен ветеран и целосно го промени изгледот. Стана непрепознатлив за фановите.
Во филмот го глуми ветеранот Бернард Јордан, а фановите коментираа дека поради силната шминка, избелената коса и старечкиот изглед е тешко да го препознаат.
Фотографиите од снимањето го прикажуваат Броснан со бела коса и седи веѓи. Броснан е облечен во црно оддело на кое му се закачени неколку воени медали, а во рацете држи дрвен стап.
Броснан ги поздрави фановите кои се собраа да го видат на снимањето. Во филмот, ветеранот бега од старечки дом во Северна Ирска во Франција за да им оддаде почест на своите паднати соборци на 75 годишнината од истоварувањето во Нормандија на денот Д.
Приказната е инспирирана од ветеран од Втората светска војна, Бернард Џордан, кој на 89 години избегал од старечкиот дом во Источен Сасекс. Се качил на автобул за Портсмут, а потоа со траект заминал за Франција и тргнал во Нормандија на одбележувањето на 70 годинишниата од истоварувањето на денот Д во јуни 2014 година.
За време на патувањето наоѓа храброст да се соочи со минатото и да му оддаде последна почит на најдобриот пријател, кој го загубил животот на 6 јуни 1944 година. Светските медиуми, пренесоа дека The Last Rifleman треба да почне да се прикажува во кината дури следната година.