Џони Деп се враќа на филмското платно како дел од краткиот филм снимен за промоција на мобилната игра „Sea of Dawn“.
По судењето за клевета со поранешната сопруга Амбер Херд, кое привлече големо внимание во јавноста, актерот Џони Деп се враќа на својата кариера.
59-годишниот Деп за следната година закажа турнеја со својот бенд „Холивуд вампири“, а треба да го игра и кралот Луј XV во историската драма „Жан ду Бери“.
Деп неочекувано првпат се појави во краткиот филм „Игра на авантуристот“, во кој игра лик многу сличен на капетанот на пиратите Џек Спароу од филмскиот серијал на Дизни „Пиратите од Карибите“, што го направи познат меѓу помладите генерации. Филмот е долг четири минути и е реклама за играта „Sea of Dawn“ за мобилни телефони, направена од кинеската компанија Mosasaur Studio.
Деп глуми ексцентричен морски авантурист и собирач на ситници по име Филип Артуш. Во интервјуто кое го даде за оваа улога, Деп, кој претходно изјави дека не сака да се врати во улогата на Џек Спароу, тврди дека ликот на Филип Артур е негова сопствена креација и дека тој целосно е вклучен во продукцијата.