Почина таткото на пејачката Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“, таа веста ја објави вчера на социјалните мрежи.
Пејачката се прости од него со фотографии и емтивна порака: „Татичко мој, бе, татко, страле мој… Вака ли се заминува!? Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти“, напиша Вера.
Во пораката таа се присети на моментите што ги пропуштила со својот татко.
„Викаше ми се оди негде да излумпуваме, да се изнапееме… Требаше одма, во првата кафана ќеиф да си напрајме!!! Татко мој единствен и специјален, будалче едно… Сите денес спомнете го татко ми.. испијте по една од мене, пуштете ја ‘Кирајџиче, јабанџиче…’ благо да му е на душата“, напиша пејачката.