Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски потпиша едногодишен договор со турскиот клуб „Фенербахче“. Иако лани летото се пресели во Саудиска Арабија, откако неговиот клуб Ал Ахли испадна во втората, Алиоски реши да најде нов тим. Според Џани, најголема заслуга за неговиот трансфер има Елиф Елмас, кој пред неколку години играше за турскиот гигант.
„Имав и други понуди од Турција и од Европа, но тоа што можам да кажам е дека Елмас ме убеди да дојдам во Фенербахче“, изјави Алиоски пред потпишувањето.