Актерот, сценарист и режисер Драган Бјелогрлиќ ја собра екипата на филмот „Монтевидео, Бог те видео“ во Баранда, а заедничките моменти со нив ги објави на социјалните мрежи.
Бјелогрлиќ ги собра пријателите и колегите во познатата Баранда каде најчесто сака да го поминува слободното време, на дружба и рекреација.
Фотографиите ги објави актерката Нина Јанковиќ, а актерите Александар Радојичиќ, Милош Биковиќ, Андрија Кузмановиќ, Виктори Савиќ позираат насмеани и расположени. Со нив беше и младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ, син на Драган Бјелогрлиќ.