Бизнисменката Агнеса Органџиева, за која јавноста дозна по бурниот развод со ексдиректорот на АЕК кога се расправаа преку социјалните мрежи и медиумите, е на луксузно летување. Таа беше неколку дена на Малта, а оттаму отиде во одморалиште во Грција.
Агнеса на Инстаграм објавува речиси сè што прави на одморот. Сподели слики и видеа од скапите хотели во кои е сместена, плажите што ги посетила, како ужива на глисер, локалните специјалитети што ги пробала. Се пофали и дека во Грција друштво ѝ прави нејзината мајка.
Но, коментарите на нејзините следбеници се поделени. Едни ѝ велат дека изгледа како Барбика оти претерала со филерите, други коментираат дека знае како да ужива.