(Видео) Џејсон Мемоа на лет кон Хаваи им служи вода на патниците

Актерот Џејсон Момоа ги развесели патниците на летот за Хаваи кога одлучи да ја преземе улогата на стјуардеса и на сите да им подели шишиња со вода.

Екипажот во кабината му подарил на негова желба количка со освежувања, а актерот си ставил цвет зад увото и се појавил пред изненадените патници.

На својот Инстаграм профил Момоа објави видео од авионот, а видеото стана хит на интернет.

„Здраво, јас сум Џејсон Момоа, дали сакате изворска вода од алуминиумско шише за повеќекратна употреба?“, актерот ги прашал патниците пред да им го подаде шишето.

Како што објасни тој, идејата за акцијата била туристите кои доаѓаат на Хаваите да се запознаат со тоа како таа дестинација е дом на бројни животински и растителни видови и добро да размислат дали таму треба да носат пластични шишиња за еднократна употреба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Scroll to Top