Американската актерка Кристина Ричи неодамна гостуваше во емисијата „SiriusXM“, каде на водителот Енди Коен му откри дека на 9 годишна возраст открила што е хомосексуланост.
„На снимањето на „Сирена“ една личност не беше многу добра. Некој тогаш рече: „Можеби е хомофоб“, на што јас реков дека не знам што е тоа“, изјави актерката која тогаш имала 9 години.
Во 1990 година, Ричи го снимала филмот „Сирена“ со актерката Винона Рајдер, која во тоа време се забавувала со Џони Деп.
„Бев во трејлерот на Винона кога таа ми се јави на телефон да разговарам со Џони. А тој ми објасни тогаш”, изјави Ричи.
Во таа ситуација актерот на наједноставен начин и објаснил што е хомосексуалност.
„Џони тогаш ми рече: „Тоа е кога мажот сака да има секс со маж. И кога жената сака да има секс со жена“, на што јас само искоментирав „Во ред“, откри актерката.