Фолк пејачот Зоран Ванев кој долги години живее и рaботи во Швајцарија, ова лето дојде во родниот Штип.
Тој на социјалните мрежи се пофали со фотографии од својот луксузен дом со базен во Штип и напиша „Доме сладок доме“.
Тој во последно време споделува фотки од неговиот син, Ник Ванев кој тренира ракомет и е најдобар стрелец во тимот.
Најчестите објави на пејачот се поврзани со неговиот бизнис, за медицински производи.
Зоран Ванев градеше успешна музичка кариера во нашата земја и во Србија. Тој веќе неколку години е еден од најбараните доктори за алтернативна медицина во Швајцарија, каде што има и своја клиника.