Новиот напаѓач на фудбалскиот клуб Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената венчавка за да дебитира за шведскиот клуб на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Диделанг, објавија шведските медиуми.
На сопствената свадба наместо Туреј, го претставувал неговиот брат и дека церемонијата се одржала без фудбалерот.
„Мојот брат ме застапуваше на венчавката. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне. Но, јас не бев таму, бидејќи од клубот Малме ме замолија да дојдам порано”, рекол Тури.
Фудбалерот на Сиера Леоне на социјалните мрежи објави слики од венчавката, и објасни дека се направени претходно.
🌟🐐🦁🇸🇱 I married my sweetheart, wife and my Best friend today!!! What an amazing human being!!! And What a blessing!!! Mrs SBT💞💍 Suad Baydoun
I can’t wait to enjoy life with you together soboti 😃🤦🏾♂️. pic.twitter.com/nEw4siV0QF
— Mohamed Buya Turay 🇸🇱 (@turay_buya) July 31, 2022
“Претходно се сликавме, па на сликите изгледа како да сум на венчавката, ама не бев. На самата свадба ме замени брат ми, додека сопругата ќе живее тука со мене. Кога е медениот месец во прашање, прво мора да бидеме шампиони“, рече тој.
Напаѓачот на Малме Мохамед Буја Туреј летово од кинески Хенан пристигна во Малме, а на натпреварот против Диделанж на теренот влезе од клупата и одигра десет минути.