Милијардерот и ко-основач на друштвената мрежа Снапчет, Еван Шпигел и Миранда Кер ќе живеат во дом од 120 милиони долари, а соседи ќе им бидат техолошки мијардери.
По речиси две години, милијардерот конечно го затворил договорот за неговиот нов дом во Лос Анџелес во износ од 120 милиони долари.
Повеќегодишната процедура се должи на реновирање на имотот кој во моментов сè уште се одвива. Шпигел, платил дополнителни 25 милиони долари за помал дел од земјиштето што се наоѓа веднаш до главниот имот, со што вкупната цена што ја платил за имотот ескалира на 145 милиони долари. Високата цена го прави имотот меѓу најскапо платени за дом во Калифорнија, веднаш зад другите технолошки милијардери како Марк Андреесен, Џеф Безос и Лахлан Мардок.
Сместени во Холмби Хилс директно од другата страна на замокот Плејбој, четирите соседни хектари му беа продадени на Шпигел од британскиот милијардер Иан Ливингстон, кој го купи имотот од две парцели во две одделни трансакции во 2014 и 2017 година, плаќајќи 72 милиони долари.
Додека Шпигел и неговата сопруга, манекенката Миранда Кер, го чекаат завршувањето на нивното ново живеалиште, парот живее во замок вреден 12 милиони долари лоциран во Брентвуд, кој претходно бил во сопственост на Харисон Форд.
Двојката, исто така, има вила во Париз вредна 30 милиони долари, имот со лозје во Австралија и одморалиште на море во Малибу. Извршниот директор на Снапчет исто така, сè уште ја поседува првата куќа што некогаш ја купил,дом во колиба во Брентвуд од 3 милиони долари.