(Фото) Божо Вреќо во едноделен костим за капење се сонча на Јадранот

Екстравагантниот босански уметник Божо Вреќо oбјави фотографија од плажа. Тој е облечен во бел едноделен костим за капење и позира легнат на карпа.

Тој е на одмор во Хрватска.

„На девствената плажа“, напиша Вреќо.

Описот на сликата го надополни и напиша дека плажата се наоѓа во градот Игране, недалеку од Макарска. 

Божо Вреќо во 2020 година одржа концерт во Скопје.Тој во таа прилика изјави дека досега немало изведувач како него, да создава севдах, а притоа да не мисли на тоа што ќе речат соседите.

„Донесов одлука да бидам и маж и жена на сцената и надвор од неа, да танцува.Кога бев дете мајками ми купи фустан мене и на моите три сестри. Тоа беше начин да ми каже дека го прифаќа своето дете, такво какво што е“, изјави Вреќо на прес конференција по повод концертот во 2020 во МОБ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vreco Bozo (@bozovreco)

Scroll to Top