Виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески на 27 август ќе ја изведе македонската претпремиера на неговиот проект „Македонисимо“ во родното село на татко му, Збажди, на планината Караорман.
Со него во проектот „Македонисимо“ ќе настапат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал Хидан Мамудов и Влатко Нушев на удиралки.
Трпчески ја заврши својата концертна сезона на 5 август на светски познатата сцена „Театро Колон“ во Буенос Аирес. Тој првпат свиреше пред аргентинската публика и со Филхармонискиот оркестар на Буенос Аирес го изведе Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов. Во последниот месец Трпчески свиреше и во Хрватска, Јужна Кореја, САД и Канада.