Доставувач заработи отказ затоа што праша девојка дали храната ѝ е вкусна

Доставувач заработил отказ откако ѝ испратил смс порака на една девојка на која ѝ испорачал храна. Ја прашал дали ѝ се допаднала храната која ѝ ја доставил, а веќе следниот ден го отпуштиле од работа.

На „Твитер“ се појави и фотографија од нивната преписка. Едни сметаат дека не смеел да ја злоупотребува работата, додека другите го поддржале и напишаа дека добил отказ за бенигна работа.

„Еј, каква беше храната вчера? Доставувач“. пишува во првата порака, а веќе утредента во другата напишал:

„Еј, само да ти се заблагодарам. Вчера добив отказ на работа заради тебе. Не можам да верувам дека си се пожалила затоа што ти се јавив на најнормален начин и ти испратив една порака. Ниту бев вулгарен ниту било што. Секоја чест, не знам каква корист имаш од тоа, но ете, сега јас немам работа, ниту имам месечни приходи“, напишал во втората порака.

На некои ова што го направил им било симпатично, додека други се налутија.

„Најлошиот тип на мажи кои ја злоупотребуваат положбата (тоа што случајно го има твојот број) за да те мува, а потоа прави жртва од себе. Заслужува три откази. Злоупотребата на податоци на работа, може да биде среќен ако не го пријават. Има доста девојки кои живеат сами и студираат во непознат град и сега замислете ја оваа будала која ги злоупотребува податоците. Ликов знае каде живее, го знае и бројот на телефон на девојката и треба да биде внимателен затоа што никогаш не се знае какви будали има за жал. Најдобро е само блок во вакви случаи, без никакви ескалации, затоа што кој може да знае со какви психопати човек може да има работа, а знае каде живее, како изгледа, може уште утре да ја начека пред врата, затоа што добил отказ“, биле само некои од коментарите.

 

Имало и такви кои му дадоа поддршка на момчето.

„Мене ми се случи нешто слично. Можела само да ја избрише пораката и како ништо да не било. А и јас баш мислев да отидам и да им се пожалам. А ако и се допаднал баш ќе беше кул приказна и немала да го пријави, туку ќе прераскажуваше на кој начин се запознале. Ако беше некој згоден тип, тогаш за сите ќе беше во ред, но затоа што гарант е некој лош, ете одма сите го осудивте дека ја злоупотребувал позицијата, тој е предатор и одма треба да добие отказ“, биле коментарите со поддршка.

 

Scroll to Top