Александар Јосифовски и финалистката на „Гранд“, Белма Хусеинефендиќ, ќе пеат дует на „Охрид-фест“

Финалистите на Гранд, Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ ќе пеат дует на годинашниот Охрид-фест. Тие ќе настапат на Интернационалната вечер на 3 септември, а ќе ја испеат песната „Глупаво е да си сам“ на музика на Горан Шарац, а текст од Огнен Неделковски.

Александар пред неколку недели го најави дуетот со Белма, а сега откри дека песната ќе има премиера на 29 издание на фестивалот што се одржува на Долни Сарај во Охрид. Спотот ќе се снима во септември.

Претходно во интервју за „Репортер“ Александар рече дека во текот на летото постојано ќе има настапи низ регионот, а најави и нови песни што ќе ги снима со „Гранд“.

Scroll to Top