Милош Биковиќ со девојката на одмор на Бали, за една ноќ плаќаат 600 евра

Српскиот актер Милош Биковиќ и неговата девојка, адвокатката Ивана Малиќ се заедно на летување на Бали. Тие објавија заедничка фотографија додека прават кафе пауза.

„Кафе пауза значи уште 100.000 калории од колачи, но не застанавме на колачи. Застанавме на кафе. Затоа што внимаваме да не ги јадеме тие глупости“, напиша Биковиќ.

Во изминатите денови актерот и неговата девојка објавуваа фотографии на кои се сами, како уживаат во убавините на Бали и само една фотка на која се заедно.

„Понекогаш ќе отидам на некој одмор. Оваа година малку почесто од претходните. Си ветив на себеси. Делумно го исполнив ветувањето. Еве ги тие делови“, напиша актерот на една од фотографиите.

Според локацијата на фотките, парот е сместен во луксузниот ресорт St. Regis Bali Resort, каде една вечер чини 600 евра.

Тие заедно првпат се појавија на премиерата на филмот „Јужен ветер“ во ноември минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

Scroll to Top