Внукот на Цеца Ражнатовиќ, Жељко, обожава да пее, а особено му се допаѓаат песните од Лепа Брена. Тетка му Наташа го сними како го пее нејзиниот хит „Миле воли диско“, а видеото ги насмеа сите. Цеца рече дека Жељко од ден во ден расте и напредува и дека обожава кога е со него.
„Очигледно е дека љубовта кон музиката ја наследи од мене и ќерка ми Анастасија. Дали ќе се занимава со музика во иднина ќе остане да видиме“, рече пејачката.