Поп-ѕвездата Калиопи Букле на жешкото прошета пешки на улицата Рузвелтова. Во црни влечки и широк фустан со наметка, таа беше единствената што одеше пеш по улицата на +40. Пејачката која ретко излегува низ Скопје, го привлече вниманието на неколку луѓе што со автомобил поминаа покрај неа. Таа, пак, разговараше на мобилниот, но неколку пати се сврте наоколу за да види дали некој ја фотографира.