(Фото) Пилоти заспале за време на летот

Два пилота на најголемата африканска авиокомпанија  Ehiopian Airlines заспале за време на летот со ET343. Заспале на висина од 11,277 метри над земјата, а кога требало да слетаат од контролната кула изгубиле контакт со нив.

За среќа, екипажот ги разбудил кога се исклучил автопилотот и се огласил алармот, пренесува „Дејли мејл“. Слетувањето поминало во најдобар ред и никој од патниците не бил повреден.

Инцидентот се случил на 15 август, а по слетувањето, авионот останал на пистата повеќе од два часа, пред наредниот лет.

„Вознемирувачки инцидент во најголемата африканска авиокомпанија. Боинг 737 #ET343 на Ethiopian Airlines сè уште беше на надморска височина од 11.277 кога пристигна во Адис Абеба. А зошто не почнал да се спушта? Затоа што и двајцата пилоти заспаа“, напиша на „Твитер“ аналитичарот на воздухопловните сили Алекс Макерас.

Scroll to Top