Глумицата Луисана Лопилато и пејачот Мајкл Бубле четврти пат станаа родители. Актерката, која се прослави со улогата на Миа Колучи во тинејџерската серија „Млади бунтовници“, роди ќерка и откри дека девојчето ќе се вика Сиело, што во превод од шпански значи небо.
„Љубовта раѓа животот, светлината и нашето бебе Сиело Џоли Роуз Бубле. Конечно дојде во нашите животи со твоите 3,8 кг. Фала му на Бога за овој бесконечен благослов, те сакаме. Ноа, Елијас, Вида и мајка ти и татко ти“, напиша Луисана на Инстаграм.
Канадскиот пејач и аргентинската глумица се верија во 2009 година, а се венчаа две години подоцна во 2011 година. Тие имаат уште три деца, а на најстариот син на двојката, Ноа, му беше дијагностициран рак на црниот дроб во 2016 година. Ноа успешно се избори со болеста и сега е здрав.
View this post on Instagram