Еден месец откако се венчаа во Лас Вегас, Бен Афлек и Џенифер Лопез вчера направија гламурозна свадба на имотот Рајсборо во Џорџија, САД. На церемонијата присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството, но и холивудскиот џет сет.
Свадбата трае три дена, па во петокот двојката организираше пробна вечера, венчавката беше вчеравечер, а тие денес ќе бидат домаќини на ручек подготвен на скара, пренесоа американските медиуми.
За свадбата Џеј Ло избра фустан од Ралф Лорен со долг вел, а Бен носеше елегантен костум со бело палто и црни панталони. Според дрес кодот сите гости морале да бидат облечени во бело.
Според нив, на свадбата била поканета и поранешната жена на Афлек, Џенифер Гарнер, но таа ја одбила поканата. На церемонијата сепак присуствувале децата што таа ги има од бракот со Бен, и близнаците Ема и Макс, кои Џенифер ги доби во бракот со Марк Ентони.
Меѓу гостите беа и Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Мет Дејмон, Рене Зелвегер и Џими Кимел.
„Го направивме тоа. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. И излегува дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпение“, напишала Лопез.
Бен и Џенифер се запознаа 2001 година на снимањето на филмот „Гигли“. Следната година се свршија, но се разделија во 2004 година и не направија свадба. Афлек потоа се ожени со Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер се омажи со Марк Ентони. По разводот се сврши со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, но и со него не се омажи, па брзо потоа ја обнови врската со Афлек.