Светските медиуми објавија фотографија од модринките кои Бред Пит наводно ѝ ги направил на Анџелина Џоли за време на летот од Франција кон Лос Анџелес во 2016 година.
Актерката претходно сведочеше дека Бред кога ја нападнал бил пијан и дека ѝ викал на неа и децата. Им се заканувал и ги туркал во авионот, пренесе People.
Подоцна двете страни ги пријавиле повредите со кои се здобиле, а сега се објавени и фотографии кои наводно Џоли ги добила за време на физичката пресметка.
Актерката фотографиите ги дала на увид во ФБИ, а на нив се гледаат модринки на дланките и лактот, објави Page Six.
Џоли тврди дека Пит ја однел во тоалет во задниот дел од нивниот авион, ја фатил силно за рамења и ја тресел додека ѝ викал како му го уништила семејството.
Ова стои во извештајот на ФБИ. Пит пак ги негира сите тврдења на Џоли за семејно насилство.
За време на летот нивниот син Мадокс наводно го нарекувал татко му со погрдни имиња. Џоли рече дека можно е да го изгребала Пит кога помислила дека ќе нападне син ѝ. Го фатила за врат за да го спречи, а тој ја удрил. Таа паднала и удрила во столот зад неа.
Во извештајот е наведено дека актерката се здобила со повреди на грбот и лактот и имала рани и гребаници на раката. Пит, пак, имал гребаници за кои Џоли сведочеше дека веројатно му ги направила за да го оттргне од син ѝ.
Во извештајот е наведено дека Пит за време на целиот лет се однесувал чудно и дека постојано се бунел и викал по децата. „Бев исплашена. Не знаев што ќе направи“, стои во сведочењето на Џоли.
За потсетување, Пит и Џоли имаат шест деца. Синот Мадокс (21), Захарија (17), Шила (16) и 14-годишните близнаци Вивиен и Кнокс. Борбата околу старателството сѐ уште трае.