Вработените во банка во централен Израел утрово биле шокирани кога бик влегол во нивната филијала. Тоа се случило во банката Леуми, а видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како вработени се обидуваат да го избркаат бикот.
Неколку луѓе се обиделе да го намамат во импровизирана стапица, што ќе им овозможи да го врзат.
Бикот му побегнал на сопственикот, жител на Лод, и бил снимен како оди по улица и удира во неколку автомобили на паркингот пред да влезе во банката.
Сопственикот бил повикан да помогне да го извадат бикот од банката. Бикот бил изваден од банката со помош на локални ветеринари. Во овој инцидент нема повредени или материјална штета.
„Во раните утрински часови бик влегол во канцеларијата на банката Леуми. Тој бил фатен и изнесен надвор. Случајот бил пријавен кај локалните власти, а ветеринарната служба го решила инцидентот“, се вели во соопштението на банката.