Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ го прослави 30. роденден во познатата белградска дискотека „Лафајет“, а на роденденот гостин беше и поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ, заедно со неговата девојка, манекенката Катарина Ивановска.
На журката присуствувале познати српски кошаркари, како и поранешни соиграчи на Богдановиќ.
Видеа и фотографии од роденденската журка сподели и Антиќ на социјалните мрежи.
Најдобриот кошаркар на НБА во последните две години Никола Јокиќ бил главен на забавата, танцувајќи со кабаре-девојките додека пие шампањ од големо шише.