Британскиот пејач Хари Стајлс го прекина концертот во Њујорк, откако публиката го маваше со пилешко. Додека беше на сцената, некој од позади фрли со пилешко nuggets кон него, пренесе TMZ.
„Кој го фрли пилешкото? Јас сум вегетаријанец“, им одговори Стајлс откако фановите побараа од него да го изеде.
За потсетување, сличен настан неодамна се случи и на концертот на раперот Кид Кади. За време на изведбата Day N Nite на „Ролинг Лојд“ фестивалот, посетителите почнаа да викаат и да фрлаат предмети на сцената. Некои од нив го погодија Кид со шише во глава. Наводно биле фановите на Кание Вест, со кого Кид е во лоши односи.