Најголемата регионална издавачка куќа „Кроација рекордс“ го објави деби албумот на битолската групата „Код 369“ насловен „Стејџс оф Лав“. Групата е формирана во 2020 година како продолжение на групата „Памперс“.
Албимот има 12 песни и е комбинација на алтернативен рок и комерцијална рок и поп музика.
„Добиваме навистина убави реакции од публиката. Таа ја прифати нашата музика како своја. Уживаат да нè слушаат и тоа е нашата омилена награда“, изјави пејачката Ирена Димовска.
Групата потпиша ексклузивен петгодишен договор со „Кроација рекордс“, а при посетата на Загреб го сними и првиот сингл на хрватски јазик, насловен „Права љубав“.
„Во својата музика внесуваат нов музички момент на фанк, џез и класични инструментализации кои се вткаени во препознатлива рок база и влијанија на современата музика од доменот на поп и рок. Албумот „Стејџс од Лав“ содржи 12 песни, а тоа е првиот албум што го создале и снимиле под името КОД 369“, напишаа од Кроација рекордс.