Со емотивно видео сопругата и ќерката на Небојша Глоговац потсетија на неговиот роденден

Сопругата на српскиот актер Небојша Глоговац, на посебен начин го одбележала денот на неговото раѓање. Сопругата Милица на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео и напиша „Љубов за неговиот ден“, додека во позадина се слуша песната „Се сеќавам само на среќни денови“ од Габи Новак.

На видеото се таа и нејзината ќерка Сунчица како чекорат на патека која е покриена со големи дрвја.

На денешен ден во 1969 година е роден актерот Небојша Глоговац, кој денеска требаше да го прослави 53. роденден.

Глоговац почина на 9 февруари во 2018 година, по кратко и тешко боледување на Институтот за онкологија и радиологија во Белград.

Scroll to Top