На 32 години почина актерката и манекенка Чарлби Дин

По кусо боледување.на 32 години почина јужноафриканската манекенка и глумица Чарлби Дин. Таа беше добитничка на годинашната „Златна палма“ во Кан.

Родена и израсната во Кејптаун како Чарлби Дин Криек, таа потпишала договор со агенција за манекенки на 12-годишна возраст. Своето актерско деби го имаше во јужноафриканскиот филм „Сечило“ во 2010 година. Се појави и во серијата „Црно светло“ и во филмовите „Трка на смртта 3: Инферно“, „Крв во водата“, „Не заспивај“ и „Портхол“.

Дин е ѕвезда на претстојниот филм „Триаголник на тагата“ што ја освои престижната „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан во мај. Во него глумат и Вуди Харелсон и Харис Дикинсон, а треба да има светска премиера на 7 октомври.

Таа беше свршена со јужноафриканскиот модел Лук Волкер.

Scroll to Top