(Видео) Дина Јашари со нова песна: Кога мислев дека немам што да смислам, од глава ми излезе „Досада“

Дина Јашари ја објави нејзината нова песна „Досада“ на која таа се потпишува како целокупен автор. Аранжманот го напаравила заедно со Драги Иванов.

Песната има и видеозапис во режија на Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design. 

„Кога мислев дека немам што да смислам веќе, од глава ми излезе „Досада““, напиша Јашари.

Scroll to Top