Двегодишно девојче е најдено мртво на задното седиште во автомобил во Њу Џерси, откако родителите го заборавиле. Таа во автомобилот седела повеќе од седум часа во топлото.
Полицијата го пронашло девојчето во вторникот околу 14 часот. Тие го нашле во автомобилот кој бил паркиран пред куќа во округот Френклин. Полицијата го отворила автомобилот и во него го виделе мртвото дете, пренесе „Ен-би-си Њујорк“.
Соседите сведочеа дека родителите викале од болка и дека најверојатно не знаеле дека нивната ќерка е во автомобилот. Рекоа дека полицијата им тропнала на вратата кога го нашле детето.
„Викаа од болка и мака. Мајката се онесвести. Тоа беа прекрасни родители. Многу ја сакаа ќерка си“, рече една од сосетките.
Друг сосед рече дека мајката била однесена во болница откако се онесвестила на тревникот. Друг сосед пак ги осуди и рече дека е непростиво да се остави дете во автомобил.
„Како можеше да се случи такво нешто? Како може да се заборави дете во автомобил? Во ред, сите забораваме работи и јас имам заборавено многу работи во автомобил, но како можеш да заборавиш дете?“, рече соседот Алекс Крставски.