(Фото) Се породи Адријана Лима, по двете ќерки, го роди синот Цијан

Се породи светскиот модел Адријана Лима, пренесе „Дејли Мејл“. Се породи на 28 август и со филмскиот продуцент Андре Лемарс го добија синот Цијан. Споделија и фотографија од бебето .

„Цијан е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Сино е сега нашата омилена боја. Бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет Ци јан Лима Лемарс“, рече Лима.

За потсетување, Лима стана мајка по третпат. Има две ќерки од бракот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ, а ова е нејзин прво дете со филмскиот продуцент Лемарс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Scroll to Top