(Галерија) Четиригодишниот Дејан од Битола го искачи највисокиот врв на Балканот, Мусала

Четиригодишниот Дејан Трајковски од Битола го искачи највисокиот врв на Балканот, Мусала. Врвот се наоѓа на планината Рила во Бугарија и е висок 2.925 метри.

Дејан, кој е најмлад член на планинарската група Festina Lente (Побрзај полека) од Битола, го искачи врвот заедно со група планинари, меѓу кои и неговата мајка Јасмина, братот Бојан и сестрата Емилија. Турата до Мусала ја предводеше 74-годишната Анастасија Арасланова од Бугарија.

Фото: Фејсбук Festina Lente

Scroll to Top