(Во живо) Кралското семејство се собира во Шкотска, откажана е смената на гардата, Би-би-си е во црно

Британскиот јавен сервис Би-би-си ја прекина редовната програма за да известува за состојбата на кралицата Елизабета која е ставена под лекарски надзор во Белморал.

Принцот Чарлс и неговиот син Вилијам итно отпатуваа во резиденцијата на кралицата во замокот во Шкотска, а со нив е и Камила, соопшти Бакингемската палата.

Бакингамската палата ретко се огласува за здравјето на кралицата, па денешната објава, е знак дека ситуацијата е многу сериозна велат добрите познавачи.

„Палатата вообичаено не дава информации за здравјето на кралицата, освен ако не е значајно. Затоа оваа објава дава основа за загриженост“, изјави кралскиот експерт Роберт Хардмен.

Британските медиуми соопштуваат дека и останатите членови на семејството се повикани во Балморал, а на социјалните мрежи се пишува дека тие одат за да се збогуваат од кралицата.

И членовите на двата дома на британскиот парламент се информирани за ситуацијата, како и новата премиерка Лиз Трас.

Би-Би-Си, кој ја прекина редовната програма, објави дека Бакингамската палата не планира наскоро да каже ништо повеќе.

Бакингемската палата претходно соопшти дека лекарите се загрижени за здравјето на кралицата и дека препорачале да остане под докторски надзор.

Грижите за здравјето на кралицата се појавија во октомври минатата година, кога таа откажа планирано патување во Северна Ирска. Оваа година не присуствуваше на бројни настани поради проблеми со движењето, а во меѓувреме го прележа и ковид-19.

Scroll to Top