Кралот Чарлс III денеска и официјално беше прогласен за нов британски монарх. Церемонијата за првпат во историјата се пренесува во живо. Чарлс беше прогласен за крал на состанокот на Советот за наследување на тронот во палатата Св. Џејмс.
Новиот крал го почна говорот со објава за смртта на мајка му, кралицата Елизабета Втора.
„Целиот свет сочувствува со мене во ненадокнадливата загуба која сите ја претрпевме“, рече Чарлс Трети и изрази сочувство до остатокот од кралското семејство и говореше за важноста на владеењето на неговата мајка.
„Се молам за помош и водство од Бог“, рече Чарлс.
“King Charles III to be formally proclaimed monarch following the death of Queen Elizabeth II” https://t.co/jWE9wjKPxb
— Andrew Bolten (@BoltenAndrew) September 10, 2022