Познатиот светски модел, Линда Евагелиста се појави на ревијата на Фенди, истомената модна куќа за која во јули таа сликаше едиторијал за нивната кампање со која Евагелиста направи враќање во светот на модата.
Таа на ревијата се појави во предимензиониран капут во нане боја, а нејзиното враќање на модната писта беше проследено со апуауз и овации од присутните.
Во март оваа година, канадската манекенка објави официјална изјава во која рече дека е трајно обезличена од процедурата на Zeltik Cool Sculpting која го направи спротивното од ветеното.
„Масните клетки се зголемија, а не се намалуваа, оставајќи траен деформитет, дури и по две болни, неуспешни корективни операции. Станав, како што опишуваат медиумите, непрепознатлива“, објави таа.
View this post on Instagram