На социјалните мрежи осамна видео снимено вчера во Нови Пазар, на кое се гледа како граѓани буквално се грабаат за шеќер во продавница, пренесуваат локалните медиуми.
„Дајте ми едно пакување. Дајте ми еден пакет“, се слуша глас на една жена на снимката.
Novi Pazar
Otimačina za šećer. pic.twitter.com/salXzOubYl— Sajam Ludaka (@BoraKonj) September 11, 2022
Недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци, пишува „Нова.рс“.
Недостигот на шеќер во Србија трае веќе со недели. Во многу продавници има и молби до граѓаните да не земаат повеќе од пет килограми шеќер при едно купување, наведува медиумот.
Според анализите во медиумите, Србија лани веќе ги ограничи цените на млекото, брашното, зејтинот, свинското. Тие цени, според тамошните медиуми, сѐ уште се ограничени.
Годинава, анализира медиумот, во Србија имаше недостиг на некои производи, најмногу на шеќер и на млеко.