(Видео) Водителот на доделувањето на наградите „Еми“ го исмеа Ди Каприо: Зендаја е стара за тебе, има 26 години

На вечерашното доделување на  наградите „Еми“ водителот и комичар Кенан Томпсон се пошегува на сметка на актерот Леонардо ди Каприо за време на неговиот воведен монолог.
„Зендаја  наполни 26 години минатата недела, среќен роденден“, рекол тој, гестикулирајќи кон актерката, која подоцна ја доби наградата за најдобра актерка во драмска серија.
„26 е чудна возраст во Холивуд. Мислам, ти си доволно млад за да глумиш средношколец, но премногу стар за да излегуваш со Леонардо ди Каприо”, додал водителот.

47-годишниот Ди Каприо, кој не беше на доделувањето на наградите „Еми“, има историја да се гледа со познати жени кои се многу помлади од него и немаат повеќе од 25 години. Овој тренд предизвика многу шеги и мемиња на интернет, особено откако неодамна беше објавено дека актерот ја прекинал долгогодишната врска со Камила Мороне, само два месеца по нејзиниот 25. роденден.

Scroll to Top