Панк рок-бендот од Хрватската „Хладно пиво“ ќе одржи концерт во Скопје на 9 октомври во рамките на турнејата со која одбележува 35 години постоење.
Тие ќе одржат концерт во Младинскиот културен центар, а концертот е во организација на „Пасворд продукција“.
„Последна тура“ е насловена јубилејната турнеја на „Хладно пиво“, кои најавија дека потоа следува подолга концертна пауза.
Предводен од пејачот Миле Кекин, „Хладно пиво“ има објавено осум студиски албуми и е еден од најнаградуваните хрватски бендови. Последниот настап во Македонија го имаше лани на Таксират.