Актерот Џејсон Момоа откако ја истрижа косата ја покажа новата тетоважа на главата. Момоа неодамна ја истрижа косата во знак на протест против загадувањето и фрлањето пластика во океаните.
„Помогнете да се спречи фрлањето пластика за еднократна употреба“, им порача Момоа на фановите.
Сега откако се истрижа, Момоа ја истетовира левата страна на главата во чест на повторното отворање на аеродромот на Хаваи.
„’Хаваи ерлајнс’, горд сум што сум Хаваец, горд што се возам со ‘Хаваи ерлајнс’, најдобриот дел е што конечно ќе може да летам и на Нов Зеланд. Минаа две години по забраната поради ковидот. ‘Хаваи ерлајнс’ те сакам заради тоа и имам нешто посебно за тебе“, рече Момоа.
View this post on Instagram
Актерот доби голем број пофалби, а меѓу нив беше и актерката Тереса Гибсон.
„Те сакам голем брате, твојот дух е скромен, така заразен, но и сјаен“, му рече таа.
За потсетување, Џејсон на почетокот на септември ги истрижа долгите перчиња во знак на протест против загадувањето на животната средина.
View this post on Instagram
„Еве за новите почетоци. Шириме алоха. Бидете подобри и заштитете ги нашата Земја и океани. Мораме да ја исфрлиме пластиката за еднократна употреба од нашите животи и морињата, пластичните шишиња, вреќи, амбалажи“, рече Момоа.
Изморен сум од овие пластични шишиња и мораме да престанеме. Пластичните шишиња се грозни. Сега се произведуваат алуминиумски, што е фантастично, па алоха“, призна тој, а обожавателите го пофалија дека допрел до многу важна тема.