Папараците првпат го снимија Брус Вилис на јавно место, шест месеци откако се повлече од Холивуд. Се повлече затоа што боледуваше од афазија, болест која му ја одзема моќта за говор. Оттогаш се нема појавено во јавност, а семејството одвреме објавуваше негови фотографии.
Веста дека 67 годишниот Вилис боледува од афазија, ги вознемири голем број фанови. Поради немоќта да зборува, не можеше да си ја работи работата во Холивуд, а беше еден од омилените глумци. Многумина коментираа дека и покрај болеста, изгледа одлично.
„Делува одморено и витално. Холивудскиот шмекер не се предава“, коментираа некои од нив.