(Фото) Шеесетгодишен маж се искачи на 48. кат на небодер во Париз

Шеесетгодишниот Ален Робер, кој се занимава со искачување, успеа да стигне до 48 кат, на небодер во Париз. Познат и како францускиот Спајдермен, Робер рече дека си ја исполнил целта која ја зцртал минатиот месец кога го прославил 60 роденден.

Облечен во црвено, Робер стигнал до врвот на зградата „Тур тотал енерџи“. Кулата е висока 187 метар и се наоѓа во деловниот кварт Ла Дефенс во француската престолнина.

„Сакам да им испратам на луѓето порака дека да се има 60 години не е ништо. Сè уште можете да се занимавате со спорт и да бидете активно, да правите фантастични работи“, рече Робер.

„Пред неколку години си ветив дека кога ќе наполнам 60 години, повторно ќе се искачам на зградата, затоа што оваа година ја симболизира старосната граница за пензионирање во Франција и мислам дека тоа е убав детал“, рече Робер за „Ројтерс“.

Дополни и дека сакал да ја искористи можноста за подигање на свеста во акцијата против климатските промени. Рече ѝ дека досега неколку пати се искачил на оваа зграда. Почнал да се искачува од 1975 година. Тренирал на карпи во јужна Франција и брзо станал врвен алпинист.

Досега се има искачено на повеќе од 150 високи градби ширум светот, меѓу кои и Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда на светот, Ајфеловата кула и мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Бил уапсен неколкупати затоа што се искачувал без дозвола.

Познат е по тоа што се качува без појас, користејќи ги само рацете, специјалните чевли за искачување и кеса креда во прав. Робер ваквите подвизи често ги користи за собирање на средства во добротворни цели.

 

Scroll to Top