Потребни состојки:
4 парчиња пилешки стек
5 лажици путер
1 лажица сенф
300-400 мл павлака за готвење
1-2 лажички ким
1 пакување њоки
Начина на подготовка:
Сварете ги њоките во солена вода, а пилешкиот стек исечкајте го на коцки и пропржете ги на путер. Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење. Посолите и додајте бибер по вкус. Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките. Одозгора посипете со ким и послужете ги.