Цеца Ражнатовиќ ќе снима нов албум кој треба да излезе наредната година на пролет, пренесе „24 седум“. Последниот „Автограм“ го издаде 2016 година.
Извор откри дека планира и концерт сличен на оној од 2013 година, со кој се запиша на светската листа на најпосетени музички настани. Нејзиниот концерт се најде на деветтото место најпосетени концерти.
Освен новите песни на кои работи и спектакуларниот концерт во најава, наскоро ќе снима свој документарец, „Цеца шоу“, а ќе ја има и во жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа веќе подолго време работи на албумот, но проблем настана по трагичната загуба на Марина Туцаковиќ, па мораше да го одложи.