Бугарски кандидат за Оскар е „Во срцето на машината“ во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов

Филмот „Во срцето на машината“ во кој игра македонскиот актер Игор Ангелов е бугарски кандидат за Оскар. Филмот е на режисерот Мартин Макариев и  е предлогот на Комисијата за избор на бугарската номинација за учество на конкурсот за меѓународен игран филм на 95. доделување на наградите Оскар, соопшти Националниот филмски центар на Бугарија.

Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер во Бугарија. Игор Ангелов во публикацијата на бугарското издание на престижното кино списание „Космополитен“ беше дефиниран како „нежниот џин кој ги освои нашите срца“ што се однесува на бугарската филмска публика.

Scroll to Top